МАКЕДОНИЈА

Груевски пред да избега дал исказ во Скопското Обвинителство за плацевите на Водно

Никола Груевски пред да избега во Унгарија, дал исказ во Скоспкото  обвинителство за случајот каде е осомничен „плацеви на Водно“. Шефицата на обвинителството за организиран криминал и корупција, Вилма Русковска во интервју за Телевизија 24 појасни дека освен него, засега не е испитан ниту еден друг осомничен за купувањето и продавање на плацеви на Водно преку фирма од Белизе.

Advertisements

„Добро е за нас што прво осомничениот кој е недостапен е испитан баш за ова кривично дело за перење пари. Така да сметам дека и ќе немаме проблем без разлика што не е тука да поднесеме обвинение затоа што веќе има дадено исказ“, рече Русковска.

Русковска објаснува дека за делото перење пари, предвиден е притвор до три месеци. Затоа најавува дека истрагата ќе се забрза. Ќе се испитуваат сведоци кои воедно се сведоци и во „Талир“ за начинот на финансирање на ВМРО – ДПМНЕ. Ќе се прави и материјално вештачање на начинот на кој биле префрлани парите од офшор сметки и бил купен па препродаден плацот на Водно. ВМРО – ДПМНЕ вчера не кажа дали во партиската каса фалат 1,3 милиони евра ниту пак соопштија дали ќе утврдуваат внатре партиски како Груевски испумпал над еден милион евра пари од донации за да си купи плац на падините на Водно од 11 илјади метри квадратни. За овој случај, обвинителството освен Никола Груевски, ги сомничи и Сашо Мијалков, Орце Камчев, мајка му, Ристо Новачевски и уште едно лице. Единствено во притвор е Новачевски кој му е кум на Груевски.

Бојан Стојановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button