ВЕСТИЗДРАВСТВО

Бајките ја развиваат интелигенцијата кај децата


Ако сакате детето да ви биде умно читајте му бајки. А, доколку сакате да биде уште поумно читајте му уште повеќе бајки – велел Алберт Ајнштајн. Меѓутоа ова мислење предизвика полемика меѓу универзитетските професори. Ричард Донкинс од Оксфорд тврди дека бајките се штетни за образованието, бидејќи на младите им дава погрешна идеја за натприродното.

Професорката Ивон Кели не го дели неговиот став и објаснува дека токму таа магична содржина влијае кон развој на имагинацијата на децата, додека Доминик Вјас од Англискиот институт за образование истакнува дека бајките помагаат децата да го совладаат читањето и подобро да го разберат светот.

После низа реакции и критики, Донкинс го променил ставот и напишал дека бајките се навистина корисни за развојот на критичното мислење и им дава на децата да заземат став.

Иако,во многу приказни доминира натприродното, ако се воспостави рамнотежа, тоа ќе биде корисно за децата и нивната интелигенција.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button