Наставниците ќе држат часови од дома за школското парно да не грее за еден човек!

Почетокот на грејната сезона може да го смени начинот на држење настава и да ги врати наставниците дома. Министерката за образование, Мила Царовска вели дека се разгледува наставниците „онлајн“ часовите да ги држат од дома за да не се грее цела училница само за еден наставник.
Освен ова, Царовска информираше дека годинава ќе нема екскурзии.
Претходно, Министерството за образование и Бирото за развој на образованието соопштија дека до 20 ноември учениците треба да ги добијат првите оценки. Се препорачува оценувањето да се спроведува преку интернет, но и со физичко присуство во случај што ќе го определат наставниците, секако почитувајќи ги мерките за заштита од Ковид-19. Тоа значи, да нема повеќе од 10 ученици во класот, а нивниот престој за време на оценувањето да трае од 20 до 30 минути.
Melihate Rustemia