ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Познато кога ЕСМ ќе го превземе раководењето на БЕГ и Топлификација Скопје-Север

ЕСМ ќе го превземе раководењето на БЕГ и Топлификација Скопје-Север од 21 јануари. Сите долгови кои ги имаат компаниите закчучно до 21 ќе треба да си ги подмират меѓусебно вели министерот за економија Крешник Бектеши. Засега нема точна калкулација колку пари ќе бидат потребни за да се покријат трошоците кои што ќе ги превземе ЕСМ по 21. Бектеши уверува дека топлинската енергија за граѓаните до крајот на сезоната ќе биде без прекин за што граѓаните не треба да стравуваат.

Advertisements

„Преку ЕСМ ќе се покрива разликата помеѓу реалната и постоечката цена, и за корисниците ќе се покрива преку државната компанија. Сите обврски кои ги имаат како приватни субјекти до 21 јануари ќе треба да си ги подмират меѓу себе – дали тоа ќе биде со одложено плаќање или како ќе се договорат тоа е нивна работа. Но од 21, се до денот кога со БЕГ и Скопје – Север ќе управува ЕСМ тоа ќе биде обврска на ЕСМ“, рече Бектеши.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button