Народна банка: Речиси сите макроекономските показатели се движат во согласност со очекувањата

Речиси сите макроекономските показатели се движат во согласност со очекувањата. Но, неизвесноста и ризиците од понатамошниот тек на пандемијата предизвикана од Ковид-19 и нејзините ефекти и понатаму постојат, заклучи на седница Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка.
На седницата на Комитетот одржана вчера биле разгледани движењата на меѓународните и домашните финансиски пазари и показателите за домашната економија во контекст на поставеноста на монетарната политика.
– Оцената на последните макроекономски показатели и на амбиентот на монетарната политика не упатува на тековна потреба од промена во основната стапка, но упатува на потреба од будно следење. Оттука, на седницата на Комитетот беше одлучено основната каматна стапка да остане на нивото од 1,25 проценти, а на аукцијата на благајнички записи да се понудат благајнички записи во непроменет износ од 10 милијарди денари. При носењето на одлуките за монетарната политика, Народната банка особено ги има предвид движењата кај девизните резерви и кај инфлацијата, стои во соопштението од Народна банка.