ДУИ нема проблем со укинување на техничката влада

ДУИ поддржува укинување на техничката влада во последните 100 дена од мандатот. Според ДУИ, тоа не влијае на политичкиот договор за албански премиер. Координаторот на пратеничката група на ДУИ, Арбер Адеми во емисијата „Патот кон“ на Алсат рече дека името на кандидатот ќе го предложи ДУИ, додека очекува поддршка од албанските партии кога ќе биде изгласан во Собрание. Адеми тврди дека албанскиот премиер е прифатлив и од ВМРО-ДПМНЕ.
„Всушност тоа е ставот на ДУИ. Ние кажавме не технички премиер, туку премиер со целосен политички мандат во последните 100 дена. Иако измените и дополнувањата на Изборниот законик треба да се направат со консензус, отворени сме за дебата и дискусија за изнаоѓање консензус за промена на Изборниот законик. Нелогично е земја-членка на НАТО, која ќе ги отвори преговорите со ЕУ, да има техничка влада како резултат на недоверба на институциите во спроведувањето на еден изборен процес“, вели Адеми.
Од Алијанса за Албанците велат дека не веруваат во ветувањето на ДУИ за реализација на албанскиот премиер.
„Ова со албанскиот премиер е последниот очаен и неуспешен обид на ДУИ. Тоа е кампања во која ни сами не веруваат. Никаде не спомнале ниту 100 дена, ниту 10, ниту 50 дена. Го понудија албанскиот премиер и потоа го прогласија Зоран Заев, а сега Димитар Ковачевски. Никој од нив не е Албанец“, вели Мемеди.
За укинување на Техничката влада се потребни измени на Законот за влада, кој е систематски закон и треба да се измени со 2/3 од гласовите. Без техничка влада, промената на премиерот би довело до оставка на целата влада, како во случајот со владата предводена од Зоран Заев. Предложениот кандидат ќе треба да го бара мандатот, да го предложи владиниот кабинет и програмата и составот за гласање во Собрание.
Адриан Керими