Економската криза и губењето надеж за подобра иднина ja празни општина Липково

Затворени врати и прозорци. Вака изгледаат многу куќи во општина Липково, што покажува дека во нив никој не живее. Сето тоа како резултат на иселувањето на младите и цели семејства во земјите од Европската Унија. Оние што останале, многумина од поодминати или средни години, велат дека селата од овој дел заживуваат само за време на летниот и зимскиот распуст. За тоа сведочи Аземин Арифи од село Слупчане кој веќе има три деца во странство.
„Секој ден, секоја недела и секој месец се гледа дека младите во оваа општина се намалуваат. Во селото имаме луѓе, само маж и жена, или само маж, нивните грижи се за жалење. Но, ако денес се во соседството, утре ќе дојдат кај нас. Нема деца, нема внуци. Кога се тука, куќата оживува, дворот оживува, сè оживува. Кога одат се чувствуваат многу лошо, со тоа исчезнува и живоста на куќата. Секој ден сме во контакт со телефон, но повторно таа празнина се чувствува внатре“, вели Аземин.
Слично беше и во село Липково. Млади нема никаде. Жителите кои ги запознавме и разговаравме за Алсат се сеќаваат на едно сосема поинакво Липково.
„Порано живеевме подобро, сега не. Кога ќе излезам на улица, почнувам да плачам, нема ниту еден млад. Работам овде 60 години, столар сум, животот го поминав овде. Нема работа како порано, има помалку“, вели Нејази Јонузи- жител на с. Липково.
„Можам да гарантирам дека 350 млади од село Липково си заминаа…сеуште се очекува да заминат, што е најлошо. Имам три ќерки во дијаспора, сите со факултет, овде имам син. Какво е чувството кога доаѓаат и кога заминуваат?, вели Хајрула Халили- жител на село Липково.
„Можеби има работа, може да се најде приватно, но нема доволно приходи. Со таа плата од 200-300 евра не можеш да преживееш, да обезбедиш опстанок. Шетам низ нашето семејство, од 20 куќи, 10 се затворени“, рече Џевдет Јонузи- жител на с. Липково.
Џевдет Рахмани, координатор на основните училишта во оваа општина рече дека во периодот 2018-2021 година биле поднесени над 100 барања за иселување на деца во училиштата.
„Во учебната 2021-22 година, бројот на ученици на почетокот беше 2.700 ученици на општинско ниво. Сепак, во текот на ова полугодие, 28 ученици се иселија. Оваа бројка, од последната година ја гледаме и кај првачињата. Бројот на ученици не се намалува многу, но во иднина тоа може да влијае на тоа многу млади луѓе да не се во брак и веројатно ќе имаме помал број“, рече Џевдет Рамани, координатор на основни училишта.
Според Рамани, освен учениците, заминување во европските земји веќе најавиле и дел од наставниците од основните училишта.
Мелихате Рустеми