ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Камчев бара да му се вратат 1,5 милиони евра

Бизнисменот Орце Камчев си ги бара назад парите кои ги дал за да се спаси од случајот „Империја“. Станува збор за 1,5 милион евра колку што се тврдеше дека била оштетата во случајот „Рекет“. Камчев во граѓанска постапка ги тужи Владата, Републичкото обвинителство, Јанева и Боки 13. На првото подготвително рочиште во скопскиот граѓански суд преку адвокат, Камчев се откажа од тоа Зоран Милевски – Кичеец да му ги врати парите.

Advertisements

Во скопска „двојка“ денеска не дојде лично Камчев, ниту тројцата осудени за „Рекет“, Бојан Јовановски – Боки 13, екс – шефицата на СЈО Катица Јанева, ниту Кичеец. Синот на Јанева, Лазар Јанев кој всушност и е адвокат, посочи дека и таа сакала лично да присуствува на рочиштата, но немало наредба за спровод од Идризово до граѓанскиот суд.

Според адвокатот на Боки 13 е нејасно зошто се тужи и згаснатото СЈО.

„Мислам дека сум долго време адвокат, но тоа е опасна непознаница. Исто така не ми е јасно како може да тужи институција, орган, којшто во моментот на поднесувањето на тужбата не постои. Секако, мислам за Специјалното јавно обвинителство“, рече Сашко Дуковски, адвокат.

И по пресудата и затворските казни за „Рекет“, никој не знае каде е фамозната торба Луј Витон, за која Камчеви тврдеа дека ја наполниле со милион евра. Камчев е осомничен во предметот „Империја“ кој го отвори згаснатото СЈО. А, по отворањето на истрагата на СЈО за „Империја“ во 2018 година, Камчев, идната 2019 година дал поткуп од 1,5 милион евра на Боки 13 за да влијае кај тогашната шефица на СЈО Катица Јанева за да се запре постапката притов него.

Истрагата „Империја“ и ден денека е активна, а Камчев во овој случај има статус на осомничено лица. На бизнисменот му се суди за перење пари во случајот „Плацови на Водно“, за кој од притвор излезе месецов по 10 месеци со дадена гаранција од близу 11 милиони евра.

Игор Стефановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button