ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Најмногу снег на Попова Шапка, најстудено во Берово и Струмица

На Попова Шапка утрово во 7 часот има највисока снежна покривка од 44 сантиметри. Со пет степени под нула, најстудено е во Берово и Струмица, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Advertisements

Во  Маврови Анови има 21 см наврнат снег, девет во Крушево, шест во Ѓуриште, пет сантиметри во Крива Паланка и Пожаране, четири во Тетово, три сантиметри снег се измерени во Скопје – Петровец, два см на мерната станица  Скопје – Зајчев Рид и еден сантиметар снежна покривка има во Виница и Куманово.

Шест литри на квадратен метар воден талог во 24 часа се измерени во Охрид, пет во  Тетово, четири во Крива Паланка, три во Пожаране и Крушево и еден литар на квадрат во Ѓуриште, Виница и Куманово.

Покрај Струмица и Берово, каде што се измерени -5, минусни температури утрово има и во Скопје-Петровец, и Гевгелија (-4), три степени под нула во Демир Капија, -2 во Скопје – Зајчев Рид, Битола и Штип и -1 степен во Крива Паланка, Тетово, Прилеп, Виница, Куманово и Крушево. Во  Дојран се измерени 0 степени, два во Охрид и три степени во Претор.

УХМР соопшти дека во ноќните часови во западните и северните делови започнаа врнежи кои беа претежно од снег, само во југозападните делови имаше повремен дожд. Дуваше слаб до умерен ветер од северен правец.

За денеска најави облачно и студено со повремени врнежи од снег, особено претпладне. Врнежите најдолго ќе се задржат и ќе бидат пообилни во западните делови. Насекаде ќе се формира нова снежна покривка, освен во долниот тек на Повардарието.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button