ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Лирман за Дојче Веле: ЕУ и Бугарија да си го одржат ветувањето кон Северна Македонија

Државната министерка во германското Министерство за надворешни работи Ана Лирман смета дека се многу позитивни и охрабрувачки сигналите од првата средба на македонскиот премиер Димитар Ковачевски и неговиот бугарски колега, премиерот Кирил Петков во Скопје.

Advertisements

Во интервју за интервју за Дојче веле, Лирман изразува надеж дека земјава наскоро ќе ги почне преговорите со ЕУ.

ЕУ и Бугарија, потенцира министерката, треба да си го одржат ветувањето кон Северна Македонија

Германската министерка го посети Скопје во понеделникот и беше прв странски дипломат кој се сретна со новиот премиер Ковачевски и со повеќе владини претставници.

-Убав сигнал е тоа што новата македонска и бугарска влада отворено се придвижија. Се надевам дека билатералните теми кои постојат во тој билатерален формат набрзо ќе се надминат. И за мене беше многу важна мојата посета, затоа што се случи веднаш по формирањето на новата влада и тоа му беше првата посета на новиот премиер (на С. Македонија, н.з.) и тоа покажува колку се добри односите меѓу Северна Македонија и Германија, што посетата се случи толку брзо, истакнува Лирман за Дојче Веле.

Важно е, додава, што почнаа разговорите со Бугарија и тоа што се одвиваат во билатерален формат.

-И од Скопје и од Софија пристигнаа позитивни, охрабрувачки сигнали и постои свест дека е важно што побрзо да се почне со пристапните преговори со ЕУ, нагласува министерката.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button