ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Капиталните инвестиции реализирани со 78%, а Владата ни ветуваше 90%

Продолжувањето на нецелосната реализација на капиталните инвестиции, конкретно за лани од 78 отсто, за Владата е успех и таа е задоволна од резултатот. Наместо причина за неостварените најави дека ќе бидат изградени над 90 отсто од ветените проекти кои се важни за граѓаните, заменик-министерот за транспорт и врски Беким Реџепи, вели дека пандемијата била голема пречка за повисока стапка на реализација.

Advertisements

„Имавме сериозни инвестиции во однос на инфраструктурата во однос на проекти коишто биле финансирани и кофинансирани од Министерство за транспорт и врски. Фекална канализација, водоводни мрежи и патна инфраструктура“, изјави Беким Реџепи заменик министер за транспорт и врски.

Првичниот план со буџетот за 2021 година беше Владата да реализира 391 милион евра за капитални проекти. Со ребалансот на буџетот сумата беше дури и зголемена на 484 милиони евра. За годинава пак, кога економистите предупредуваат дека нè чека тешка година, Владата повторно оптимистички предвиде дека ќе реализира капитални проекти вредни 615 милиони евра. Тоа би биле над 150 милиони повеќе од лани. Но, властите тврдат дека 2022 ќе биде година на економски бум. А, според статистиката, во 2020 година од 319 милиони евра реализирани биле 262 милиони. Во 2019-та се планирале 422 милиони, но беа реализирале 290 милиони евра. Експертите секоја година ѝ порачуваат на Владата да проектира реални прогнози за капиталните инвестиции, но властите постојано најавуваат повеќе, но на крајот испорачуваат резултат далеку под проектираниот.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button