Вештачењето за случајот „Алфа“ на мислење до Јавното обвинителство

Додека вештачењето носи нови моменти, судот не смее да пристапи кон отворање на случајот, велат експертите, коментирајќи ги последните случувања во случајот „Алфа“. Башким Селамани смета дека менталитетот на судиите во С. Македонија создал верување дека правдата е селективна. Според него, независно судско тело треба да се занимава со сите предмети за кои постои сомневање дека се монтирани.
„Се работи за вештачење кое точно ги утврдува причините, вината и сторителите. Добро би било да се создаде специјално судско тело во рамките на експертите и судиите за да се испита овој случај и други кои не се само проблем од индивидуален карактер, туку е и случај на меѓународно ниво затоа што Северна Македонија токму со овие случаи падна на испитот за правда и правосудство“, вели Селмани.
Селмани додава дека во овој дел треба да се влијае и на политиката, односно на програмските дефиниции на Владата.
„Кога има политички случаи, го видовме тоа во случајот со Мијалков и многу други. Имаше политичко расположение и беа ослободени. Не може четири македонски случаи да бидат ослободени и истото да не важи за сторители Албанци. Мнозинството судии Македонци имаат пристап што ние не го велиме, туку го велат последните студии, дека кога се во прашање Албанците, казните се максимални, додека за Македонците казните се многу ниски. Значи имаме различни судови за Албанците и различни за Македонците“, оценува Селмани.
Вештачењето што го даде одбраната во случајот „Алфа“ сè уште е во Кривичниот суд каде се чека одобрение дали овој предмет оди или не на повторно судење. Неофицијално, Кривичниот суд на почетокот на февруари се очекува да побара мислење од Јавното обвинителство за вештачењето подготвено во странство, за подоцна да се пристапи кон повторно отворање или не на случајот. Извори од судот велат дека судијата кој треба да постапи е позитивен на Ковид-19 и по закрепнувањето се очекува да преземе конкретни чекори.
Адриан Керими