ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
ВМРО го поднесе предлогот за укинување на техничката влада

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата За обнова на Македонија денеска до Собранието поднесе предлог закон за изменување и дополнување на Законот за влада, рече координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.
„Со овој предлог на закон, ние предвидуваме и бараме бришење на одредбите од законот за начин на избор на влада кои предвидуваат 100 дена пред одржувањето на парламентарни избори да се избере нова, преодна влада“, рече Мицевски.
Тој изрази очекување дека предлогот ќе биде ставен на седница во среда, на 26 јануари.