

Алсат
22.07.2020 08:19
Едно искрено гушкање од пријател или партнер може да има силно влијание врз нашето тело. Покрај насмевката, гушкањето има лековити својства. Истражувањата покажуваат дека гушкањето е исклучително делотворно за многу физички состојби, но помага и при осаменост, депресија, анксиозност и стрес.
Во едно истражување на Универзитетот во северна Каролина, научниците открија дека гушкањето го зголемува нивото на хормонот окситоцин, што го намалува ризикот од срцеви заболувања, го снижува крвниот притисок и го регулира нивото на стрес. Ако еден вљубен пар се гушка 20 секунди, во нивното тело значително ќе се покачи нивото на окситоцин, хормон што се излачува во текот на породувањето или на доењето.
Во меѓувреме, нивото на кортизол, хормотот на стресот значително се намалува, но се намалува и високиот крвен притисок.
Во друго истражување врзано за гушкањето спроведено на 60.000 лица во Австралија е утврдено дека допирот има исклучително важно влијание на физичкото и на менталното здравје, го намалува притисокот, тахикардијата, го подобрува имунитетот и ја намалува физичката болка. Гушкањето го лачи хормонот окситоцин, што прави да се чувствуваме посигурно, да го намалиме стресот, тегобите и осаменоста и предизвикува чувство на задоволство, нежност и приврзаност.
Истражувањата покажуваат дека искреното гушкање во кое две срца се притиснати едно до друго, може да има многу предности. Гушкањето гради чувство на доверба и безбедност и помага во отворената и искрена комуникација. Прегратките го подигнуваат нивото на серотонин, хормонот одговорен за добро расположение и чувството на среќа.
Гушкањата го јакнат имунитетот и го урамнотежуваат производството на бели крвни зрнца.
Гушкањето ги опушта мускулите и напнатоста, ја намалува болката и тензијата во телото.
Гушкањето може инстантно да ни го поправи расположението.
Гушкањето е потполно бесплатно.