ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Синдикат: Владата до март да ја покачи минималната плата на 18.000 денари

Минималецот да се зголеми на 18 илјади денари најдоцна до март, во спротивно работниците ќе штрајкуваат на работните места. Синдикалците велат дека од следниот месец повеќе од сто илјади граѓаните приматели на сегашната минимална плата од 15.500 денари нема да можат да си ги подмират повисоките сметки за струја и храна. Во петок ќе дефинираат што ќе биде превземено, доколку на средбата на 31 јануари, Владата не им даде зелено светло за зголемување на минималецот.

Advertisements

„Нас ни се брза бидејќи знаеме во февруари ќе стигнат поголеми сметки за струја, парно, нафтените деривати се покачија, исто така на 31 јануари престанува со важење уредбата за замрзнатите производи, и ние како ССМ не можеме да чекаме, туку напротив од недела ќе почнеме со утврдување на датуми и подготовки за евентуланен штајк и протести. Согласно Законот за работни односи ќе одлучиме како е најдобро за нас работниците да го изразиме нашето незадоволство дали ќе биде со блокади на раскрсници, фабрики или претпријатија“, рече Дарко Димовски- Претседател на ССМ.

Од ССМ апелираат до пратениците да постапат по поднесената иницијатива во Собранието за зголемување на минималната плата. Наместо останати закони приоритет треба да бидат граѓаните. Новата министерка за труд Тренчевска рече дека зголемувањето на минималната плата на 18 илјади днеари е заложба на владата но таа не даде рок до кога може да се оствари ова.

Андреа Чобанова

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button