Бугарски историчар: Потребно е време да се направи диференцијација меѓу Бугарите и Македонците

Антон Панчев, професор по албански јазик, историчар и аналитичар, вечерва во „Емисија 200“ изјави дека Бугарите не бараат ништо повеќе од другите заедници во Северна Македонија, пишува Алсат.
Тој рече дека овие права треба да се развиваат за да има целосна еднаквост меѓу сите заедници во Северна Македонија.
„Во 90-тите имаше многу флуктуации во идентитетот на Македонците. Пред 7-8 години академиците инсистираа дека се потомци на Александар Македонски, на античките Македонци и се откажаа од ова тврдење, овде имаме работа со идентитет кој сѐ уште не е добро структуриран. Според нас овде во Бугарија, сметаме дека е потребно време за диференцијација на Бугарите и Македонците, затоа е време за диференцијација затоа што не можеме да продолжиме да бидеме во нејасна ситуација која ја кочи интеграцијата на северна Македонија“, рече Панчев.