ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Нова динамика во односите меѓу Македонија и Бугарија

Нов ентузијазам за изнаоѓање решенија во Мешовитата историска комисија, најавија двајцата премиери Димитар Ковачевски и Кирил Петков, по заедничката меѓувладина седница во Софија. Петков истакна дека ко-претседавачите Драги Ѓеоргиев и Ангел Димитров најавиле дека ќе имаат прогресивен поглед кон заедничката задача. Заедно со работата на новоформираните работни групи за економија, инфраструктура, транспорт и култура, премиерот Ковачевски пак, рече дека пред Европа ќе се покаже дека Балканот може да биде пример за добра соработка.

Advertisements

„Во однос на политичките прашања критериум за успешност, доколку низ разговор на сите овие Комисии, нормално низ еден политички дијалог помеѓу владите и другите чинители, согласно уредувањето на државите, да постигнеме договор во догледен период да имаме прва Меѓувладина конференција со Европската унија“, вели Димитар Ковачевски – претседател на Влада

„Професорите од двете држави покажаа дека се подготвени овој нов бран на дополнителна енергија да се прелее во конструктивен тон и конструктивен разговор и во овој момент нема да правиме кадровски промени, но тоа што се израдував е дека кога оваа Историска комисија е една од пет, целосниот тон на разговорот е само во насока на конструктивен дијалог и постигнување реални резултати“, рече  Кирил Петков – премиер на Бугарија

Петков истакна дека пред зачестените средби, односите меѓу двете земји биле на многу ниско ниво и очекува дијалогот да ги замени национализмот и говорот на омраза.

Ковачевски пак, прашан за барањето за запишување на бугарското малцинство во македонскиот Устав, не одговори конкретно дали е неопходен услов на Софија за започнување на преговорите.

„Нормално дека такво нешто се случува, на патот на една држава кон Европската унија, бидејќи тогаш се отвора Уставот, со цел да и други адаптирања на Уставот се направат, тогаш низ тој процес сигурно ќе бидат опфатени и тие прашања, врз основа на барањата на граѓаните“, вели Димитар Ковачевски – претседател на Влада

„Му благодарам на премиерот Ковачевски што толку јасно ја изрази ситуацијата во врска со правата на Бугарите во Северна Македонија и едновремено да кажам дека на ова паралелно ќе работат Министерствата за надворешни работи додека стануваат јасни резултати како авиолинија, нови патишта“, вели  Кирил Петков – премиер на Бугарија

На тет-а-тет средбата пак, двајцата премиери истакнале дека динамиката со која се реализира заедничката седница како и почетокот на активностите на работните групи ја потврдува нивната заложба да бидат поставени основите за идниот брз напредок на меѓусебните односи./Алсат.мк

Лука Андреев

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button