Мерки анти-ковид: Најпогодени работниците и студентите!

Работната сила и студентите се меѓу најтешко погодени категории од ограничувањата на слободното прекугранично движење по одлуката на Косово за мерки против ковид 19. Стопанските комори од соседните земји едногласно утврдија дека економските загуби од оваа двонеделна мерка се високи во деловната интеракција на малите и средни компании.
Од Стопанската комора на северозападна Македонија велат дека економиите се на удар последователно од кризите што ги зафатија, па сметаат дека оваа мерка е дополнителна бариера за бизнисите и економијата воопшто. Недозволувањето слободно движење на луѓе, стоки и услуги, според нив, не соодветствува со економската логика во овој период.
„Изразувајќи го нашето разбирање за епидемиолошката состојба, ја повикуваме Владата на Република Косово да ја преиспита оваа одлука без да го попречува слободното движење на граѓаните во нашиот регион и без дополнително да го оштети угостителскиот сектор”, велаат од Северозападна стопанска комора на Северна Македонија
Бидејќи многу работници секојдневно патуваат во Косово, оваа мерка ги блокира. Оваа одлука остро ја критикуваше и самата Стопанска комора на Косово. Првиот човек на оваа комора Берат Рукиќи за Алсат вели дека најголемата пречка е работната сила која се движи од двете страни на границата.
„Ние се спротивставивме на оваа одлука бидејќи не е во духот на минатите одлуки, кои се повеќе или помалку усогласени, поточно во согласност со условите за движење со другите балкански земји за движење на луѓе. Оваа одлука ги надминува критериумите на ЕУ, но нас ни наштетува најмногу со движењето на работната сила со Македонија, Албанија и Прешевската долина”, вели Берат Рукиќи, претседател на Стопанската комора на Косово
Од сеалбанскиот економски форум информира дека околу 700 студенти во Прешевската долина се погодени од одлуката на Владата на Косово за заострување на мерките против КОВИД.
„Луѓето кои студираат на Косово, по викендот не можеа да се вратат. Во оваа категорија околу 700 студенти имаат пречки во прекуграничното движење да го продолжат своето студирање. Оваа арбитражна одлука ги погоди и бизнисите. Овие непромислени мерки ги погодија сите слоеви, категории, интересни групи”, велаат Сеалбански економски форум во Прешевската долина
Од 22 јануари до 4 февруари, странските државјани кои сакаат да патуваат во Косово мора да имаат потврда за вакцинација од 3 дози или потврда за вакцинација од 2 дози и негативен ПЦР тест./Алсат.мк
Ади Ќаили