ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Загина пешак, го прегазил џип кај мостот „Гоце Делчев“

Едно лице го загуби животот откако во него удрил џип БМВ со кумановски регистарски таблички на булеварот „Гоце Делчев“, во близина на Владата. Неофицијално, автомобилот се движел со голема брзина и удрил во пешакот на самиот премин. Загинал на лице место. Од Обвинителството го истражуваат случајот.

Advertisements

„По наредба на јавен обвинител врз телото на починатиот ќе се изврши обдукција, а од лицето кое управувало со автомобилот ќе бидат земени мостри од крв и урина за да се констатира можно присуство на алкохол или други недозволени супстанци. По наредба на јавен обвинител ќе бидат обезбедени видео-снимки од околните објекти за утврдување на причините за несреќата. Дежурниот јавен обвинител издаде наредба за техничка контрола на автомобилот“, наведуваат од Јавното обвинителство.

Ова е втора кобна сообраќајна несреќа за една недела која зад себе остави жртви на пешачки премин. Пред неколку дена во Карпош автомобил „Цитроен“ смртно прегази 24-годишна девојка од Радовиш. Возачот е во 30-дневен притвор.

Од полицијата соопштуваат дека деновиве на целата територија на државата ги зајакнала контролите за санкционирање на возилата кои се движат со голема брзина. Вчера биле изречени 203 казни за пребрзо возење. Седум од нив возеле со 50 километри на час повеќе од дозволеното, а еден дури над 70 километри на час побрзо. 80 возачи ја пречекориле дозволената брзина во населени места, а 123 други на отворен пат.

Вјолца Алити

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button