ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Евентуалната руска агресија во Украина ќе се соочи со реакции од Вашингтон и Лондон

Соединетите Американски Држави и Велика Британија не ја исклучуваат можноста за воведување директни санкции за рускиот претседател Владимир Путин, доколку Русија одлучи да ја нападне Украина. „Ќе воведеме ново законодавство за да го заостри нашиот режим на санкции за да можеме да таргетираме повеќе компании и поединци во Русија. Оваа легислатива ќе ја воведеме во наредните денови“, изјави денеска британската министерка за надворешни работи Лиз Трус.

Advertisements

Нејзините коментари се слични на оние на американскиот претседател Џо Бајден вчера. Тој рече дека Вашингтон ќе размисли за воведување санкции кон Путин во случај на инвазија на Украина.

Во меѓувреме и Франција и Германија ја предупредија Русија дека ќе сноси последици во случај на агресија врз Украина со најава за испраќање воени трупи.

НАТО има околу 4.000 војници во Естонија, Литванија, Летонија и Полска. Овие војници се поддржани од тенкови, воздушна одбрана и единици за разузнавање и надзор.

Русија пак, инсистира дека кризата ја предизвикале САД и НАТО, обвинувајќи ги за ескалација на тензиите. Иако Русија негира дека планира напад, почна воени вежби во близина на Украина на 25 јануари, во кои учествуваат илјадници војници и десетици борбени авиони.

Како дел од тековните дипломатски напори во Париз да се сретнат претставници од Русија, Украина, Германија и Франција. Францускиот претседател Емануел Макрон телефонски ќе разговара со Путин на 28 јануари, разговор во кој Макрон очекува да ги разјасни намерите на Русија.

Адријан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button