ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ВМРО мора да чека превод на албански за седница за „Пржинската Влада“

Законот за Влада со кој се предлага укинување на техничката влада не беше ставен на дневен ред на пленарната седница на Собранието. Според образложението на спикерот, Талат Џафери, предлогот на опозицијата е кај службите за превод. Од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека преводот доцнел намерно за законот да не се разгледува на денешната седница. Според опозициската партија, предлогот првенствено има за цел враќање на пократките рокови за одржување на предвремени избори.

Advertisements

 Џафери ќе чека другите партии да го потпишат предлогот, ако тоа е резултат на консензус, како што тврди опозицијата.

„Секако дека во координација и преговори и другите координатори ќе го потпишат тој предлог, така што сега не се исполнети условите тој да се стави на гласање. Што се однесува до роковите, ниту во законот, ниту во Уставот нема рок од 45 дена ниту за парламентарни, ниту за други избори, освен за реизбор на претседател во рок од 40 дена доколку на претседателот предвреме му престане функцијата.“

Алијансата за Албанците е против укинување на моделот на техничка влада бидејќи, според нив, институциите не успеале да ја вратат довербата за организирање фер избори.

„Ние како Алијанса за Албанците сме против овој предлог бидејќи овој предлог има за цел да удри по Пржинскиот договор. Овој договор беше направен со цел да се реши политичката криза и сметаме дека овој договор не ја постигна својата цел за која беше донесен. Целта беше една и единствена; ослободување на заробената држава од страна на владата; оневозможување власта да ја користи државата за изборни потреби.“

И СДСМ се согласува да се укине моделот на техничка влада, но оттаму се убедени дека опозицијата тоа го прави за да добие брзи избори. И ДУИ го поддржува укинувањето на овој модел, но бара консензус од сите.

Fatlume Dervishi

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button