Јакупи: Восхитува инфраструктурата кај развиените земји

Ваиде Јакупи, секретар на Студентскиот парламент на УЈИЕ, поканета во емисијата „Патот кон“ на Алсат, оценува дека младите со право гледаат подобар живот во развиените земји отколку во земјите во развој. Според неа, восхитува моментот кога ќе се зачекори во развиена европска земја во којашто има развиена инфраструктура, висок стандард и совршено функционирање на државните институции.
„Мислам дека тие гледаат надеж да живеат во друга земја и затоа тргнавме од фактот затоа што во светот како што знаеме има развиени земји, помалку развиени и земји кои се во развој. Откако ќе влезете во оние земји кои се развиени, гледаме извонредна инфраструктура. Гледаме добро функционирање на јавните институции, гледаме висок стандард на живеење и гледаме луѓе кои работат со високи нивоа на демократија и се задоволни од својата работа, така што мислам дека го гледаат подобриот живот во развиена земја отколку во земја во развој“, изјави Јакупи.