Модуларната болница денес со 23 пациенти

На вториот ден од отворањето на модуларната болница, 23 пациенти од целата земја се сместени во неа. Бидејќи капацитетот на Клиниката за инфективни болести од вчера е исполнет со 108 пациенти, од кои 88 се на кислородна терапија, во дворот од вчера се отвори и модуларната со капацитет од 70 кревети.
“Дополнителните простори во дворот на Клиниката за инфективни болести сега почнуваат да се полнат, со пациенти на кои им треба болничко лекување, но имаат поблаги симптоми на Ковид-19”.
Управата на Клиниката соопшти дека медицинскиот персонал бил мобилизиран со сите специјалисти и медицински лица, на кои им помагале интернисти, функционирајќи како посебна клиника. Има уште неколку слободни кревети во инфективните одделенија во Охрид, Прилеп, Тетово, Струга и Гостивар. Додека, пред исполнување се и некои инфективни одделенија од други градови, велат од Министерството за здравство.
Министерство за здравство
Инфективно одделение во Штип: капацитет 38 кревети хоспитализирани 54 пациенти
Инфективно одделение во Струмица: капацитет 38 кревети хоспитализирани 49 пациенти
Инфективно одделение во Велес: капацитет 35 кревети хоспитализирани 35 пациенти
Инфективно одделение во Битола: капацитет 38 кревети хоспитализирани 43 пациенти
Инфективно одделение Куманово: капацитет 28 кревети хоспитализирани 28 пациенти
Пополнувањето на болничките капацитети го алармираше целиот здравствен систем, од кој зависат новите ограничувачки мерки. Ова го најави и министерот Венко Филипче дека доколку се преполнат одделите со пациенти со коронавирус, ќе има полициски час и карантин за некои области.
Подготви: Аднан Ќаили