ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Ова е бројот на жртви и нови случаи од Ковид-19 во земјава

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа направени се 5.082 тестови, а регистрирани се 1.254 нови случаи на КОВИД-19. Во истиот период се регистрирани и 21 починато лице и 28 оздравени пациенти.
Од вкупниот број на позитивни, регистрирани се 169 реинфекции.
Од вкупниот број на починати лица, девет лица биле целосно вакцинирани, а 20 имале коморбидитети.