ВЕСТИРЕГИОН

Абазовиќ со рускиот амбасадор: Голема одговорност на новата влада е подобрување на односите со Русија

Претседателот на граѓанското движење УРА, Дритан Абазовиќ, на средбата со амбасадорот на Руската Федерација во Црна Гора, Владислав В. Маслеников, истакнал дека голема одговорност на новата влада е да ги подобри односите со Русија.

Advertisements

Абазовиќ и Маслеников се согласија дека односите на Црна Гора со Руската Федерација се традиционални и треба да се подобрат во наредниот период.

Ние сме мала земја и добро е да се биде во колективен безбедносен систем, но тоа не значи дека треба да имаме лоши односи со која било земја, особено не со Русија. Голема одговорност на новата влада е да ги подобри односите со Руската Федерација и тоа е наша обврска“, рече Абазовиќ во разговорот со Маслеников, пренесе агенцијата Спутник.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button