ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Муцунски и Димитриеска-Кочоска нови потпретседатели на ВМРО-ДПМНЕ

Градоначалникот на Аеродром Тимчо Муцунски и поранешната дополнителна заменичка-министерка за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска се нови потпретседатели на ВМРО-ДПМНЕ.
Ова вечерва го соопшти претседателот на ВМРО- ДПМНЕ Христијан Мицкоски по седницата на Централниот комитет.
Потпретседателските места во партијата ги задржуваат Александар Николоски и Владо Мисајловски.
Ѓоргија Сајковски останува на позицијата генерален секретар.