

Алсат
22.07.2020 15:14
Земјава добива речиси три милијарди евра помош од Европската унија. Оваа сума лидерите на земјите членки ја одобриле за Македонија по усвојувањето на седумгодишниот буџет на унијата. Европските пари земјава треба да ги влече преку неповратни грантови и проекти кои ќе имаат цел да го забрзаат економскиот развој и реформскиот процес. Од Владата велат дека овие средства ќе бидат клучна алатка за поддршка на преговорите на Северна Македонија во наредниот седумгодишен период после кој очекуваат во прокециите за европскиот буџет да бидеме вклучени како држава членка на ЕУ.
По финасиската помош од Европската Унија во висина од 160 милиони евра за справување со корона вирусот, од СДСМ велат дека овие средстава за државата дополнително ќе помогнат во овој комплексен проблем.
„Европската перспектива на државата и европските вредности како водечки приоритети се препознаени, а признание за тоа е и вклучувањето на земјава во седумгодишната финансиска рамка на Европскиот совет, насловена „Нова генерација ЕУ”, рече Богданка Кузеска, портпарол на СДСМ.
За седум години вкупниот фонд за трошење европски пари достигнува цели еден трилион и седумдесет и четири милијарди евра. Дополнително на располагање имаат и фонд за обновување на Европската унија од коронавирусот во висина од 750 милијарди евра. За периодот од догодина до 2027-та, ќе се трошат пари за справување со Ковид, инфраструктуно поврзување меѓу земјите, дигитализација, развој и миграција.
Иле Петревски