ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Неексплодирана бомба од Втората светска војна пронајдена во кичевско

Во село Длапкин Дол, кичевско, е пронајдена неексплодирана бомба од Втората светска војна.
Како што соопшти МВР, извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Кичево, а од страна на ДЗС истата била безбедно подигната за понатамошна постапка.
Експлозивната направа е пронајдена во средата при изведување на земјоделски работи.