Шаќири: Настава со физичко присуство, за доброто на учениците

Министерот за образование, поканет во „Емисија 200“ на Алсат, истакна дека отсекогаш бил за учење со физичко присуство на учениците бидејќи, како што рече, на тој начин учениците постигнуваат подобри резултати. Шаќири дури подвлече дека одлуката за настава со физичко присуство е поздравена од УНИЦЕФ.
„Како министер од почетокот ја поддржував идејата наставата да продолжи со физичко присуство. Тоа е страната на образовниот процес во која децата можат да постигнат подобри резултати. Оваа моја идеја ја поддржа и УНИЦЕФ, кој во првата одлука реагираше дека училиштата треба да продолжат и да бидат отворени или да бидат последните институции што треба да се затворат. Сакам да напоменам дека и за време на почетокот на пандемијата имаше земји како Германија и Франција, каде образовниот сектор не беше затворен и децата го продолжија образованието со физичко присуство“, изјави Јетон Шаќири, министер за образование.