МАКЕДОНИЈА

Шаќири: Учениците се среќни што се вратија во училишните клупи

На првиот час со физичко присуство уживаа и децата и наставниците. Ова во „Емисија 200“ на Алсат го вели министерот за образование Јетон Шаќири кој воедно апелира да се почитуваат здравствените протоколи. Министерот вети дека ресорот што го води ќе биде во постојана комуникација со сите училишта во државата.

Advertisements

„Денеска беа отворени училиштата со физичко присуство и моја желба е до крајот на полугодието да продолжи процесот со физичко присуство. Денеска видов и ученици од основно образование кои беа многу среќни што се вратија во училишните клупи. Видов и наставници кои исто така беа среќни што се вратија во училиштата. За мене е многу важно сите да бидеме заштитени во рамките на протоколите што ги имаме. Комуникацијата од страна на министерството ќе биде континуирана“, рече министерот Шаќири.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button