ВЕСТИЗДРАВСТВОСВЕТ

Подваријантата на омикрон е откриена во 57 земји

Подваријантата на омикрон која, според некои истражувања, би можела да биде позаразна од оригиналната варијанта на коронавирусот е откриена во 57 земји, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).

Advertisements

Варијантата на коронавирус омикрон, која брзо се шири и мутира, стана доминантна варијанта во светот откако за првпат беше откриена во јужна Африка пред десет недели.

Светската здравствена организација во својот неделен епидемиолошки билтен објаснува дека оваа варијанта, која сочинува 93 отсто од сите примероци на коронавирус собрани во изминатиот месец, има неколку подваријанти: БА. 1, БА. 1.1, БА.2 и БА. 3.

Подваријантите БА. 1 и БА. 1.1, првите идентификувани верзии, сега сочинуваат повеќе од 96 проценти од секвенците на омикрон внесени во глобалната база на податоци GISAID.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button