ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Пожар во Гази Баба, изгорени три куќи

По пожарот во Гази Баба кај Тутунсус Џамија ниту една институција не дошла да изврши проценка на штета. Тоа може да го побараат и самите сопственици на изгорените куќи.

Advertisements

По вчерашниот пожар во Гази Баба, на улицата Ордан Чопела, една куќа е целосно изгорена. Се обидовме да разговараме со семејството, но тие и денеска не сакаа да зборуваат јавно бидејќи се вознемирени по синоќешниот пожар.

Инвертарот на една од куќите е целосно пеплосан. Скопската пожарна утврдила дека е опожарена вкупна површна од 200 метри квадратни. Во пожарот беа опфатени три куќи, кој најверојатно настанал од оџакот на една од куќите на кој бил поврзан со шпорет на дрва. Полицијата направи увид на опожарената куќа, од кој треба да се утврдат причините за пожарот.

Пожарот изби вчера околу 15 часот. Го гаснеа 15 пожарникари со пет протвпожарни возила. Пожарот беснееше два часа по што беше изгаснат.

Игор Стефановски

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button