ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ковачевски – Столтенберг: Како сојузник на НАТО се приклучуваме кон апелите Русија да деескалира и да го продолжи дипломатскиот дијалог

Премиерот Димитар Ковачевски во својата прва официјална посета на Брисел го посети и седиштето на НАТО, каде се сретна со генералниот секретар Јенс Столтенберг, кој му посака среќа на новата функција и со кого разговараа и за актуелната ситуација околу Украина.

Advertisements

„Фактот дека сте толку брзо по именувањето ја покажува вашата лична посветеност на нашата Алијанса. Ги поздравувам напорите на Северна Македонија да промовира мир и стабилност во регионот. Сега сте дел од политиката за воздухопловниот систем на НАТО, тоа е покажување на солидарноста на НАТО, ние се браниме меѓу себе“, изјави Столтенберг.

Премиерот Ковачевски во своето обраќање истакна дека членството во НАТО е исполнување на стратешката цел на земјата, како и дека тоа означува „просперитет, мир и безбедност за македонскиот народ“.

„Членството на НАТО е исполнување на наша стратешка цел, да се бид дел од НАТО значи просперитет и безбедност за мојата земја и македонскиот народ. С Македонија стана 30-тата земја членка, ова достигнување е гаранција за нашата национална и регионална стабилност на Западен Балкан“, истакна Ковачевски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button