Керими: Членовите на семејството се сомневаат дека состојбата на Реџаил се влошила поради неправда

Новинарот Адријан Керими во емисијата „Патот кон“ на Алсат нагласи дека членовите на семејството на сега починатиот Реџаил Ќерими се сомневаат дека неговата здравствена состојба е влошена како резултат на направената неправда. Според него, во иста здравствена состојба се и другите осудени лица во овој случај.
„Разговарав со семејството на Реџаил и разговарам секој ден. Нивниот сомнеж е дека состојбата на Реџаил се влошила поради неправдата што му била направена. А, во ништо подобра здравствена состојба не се и останатите осудени за овој случај. Затоа го вклучивме овој аларм во медиумите, во институциите, во јавноста за што поскоро да се преземат чекори за тоа да не се повтори. Затоа што одиме по истиот пат. Оставаме луѓе во затвор, страдаат и умираат поради немање институционална и политичка волја за решавање на случајот“, вели Керими.