Нухиу: Во случајот Алфа она што требаше да се направи низ политичка призма е направено

Заменик-министерот за правда, Агим Нухиу наведува дека има официјален извештај за случајот Реџаил Ќерими и според него, доколку има и најмало сомневање, тогаш надлежните органи ќе се позанимаваат со тоа. Според него, она што требаше да се направи низ политичката призма за овој случај, било направено.
„Во случајот „Алфа“ она што требаше да се направи низ призмата на политиката е направено. Тоа е направено од извршната власт, на јавноста веќе ѝ е познато дека одредени функционери од субјектот на кој му припаѓам помогнале да се обезбедат експертизи во странската држава. Пред неколку дена го соопштивме ставот дека Судот не треба да го занемари прашањето на постапката и тоа се случи неколку дена пред смртта. Бидејќи се исполнети сите услови во формален аспект ова вештачење да се земе како доказно средство за повторување на постапката. И сега судијата е тој што во текот на судењето конечно ќе треба да ја донесе мериторната одлука, без разлика дали е виновен или не“, рече Нухиу.