
Синдикалците утре излегуваат на протест пред Стопанската комора и Организацијата на работодавачи во знак на револт, откако работодавачите не прифатија минималецот да се покачи на 18 илјади денари. Од ССМ велат дека предлогот кој вчера на средбата го дале работодавачите за раст на минималецот не е доволен.
„Денеска ги преработуваме дадените параметри за кои работодавачите бараат измени во методологијата за покачување на минималецот и излегува дека минималната треба да се покачи на 16.164 денари, тоа за нас е неприфатливо…“, наведуваат од Сојузот на синдикати.
Утре целото претседателство и штрајкувачките одбори излегуваат на протест и доколку во 16 часот работодавачите не прифатат 18 илјади денари минималец, синдикатот ќе повика на генерален штрајк. Од организација на работодавачи денеска не сакаа коментираат кои им се конкретните предлози испратени до Владата, односно каква измена во методологијата бараат во Законот за минимална плата. Актуелната најниска плата изнесува 15.200 денари и неа ја земаат околу 100.000 работници.
Андреа Чобанова