ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Рашковски и Вељаноски излегоа од притвор со гаранции од по 200.000 евра

Трајко Вељаноски и Драги Рашковски ќе се бранат од слобода. За нив повеќе не важи мерката домашен притвор. Апеалциониот суд во Скопје за нив ја укина таа мерка. Поранешниот собраниски спикер Вељаноски гарантирал со близу 210.000 евра во имот дека нема да избега. Ако не се јави во суд и ако избега, државата ќе му ја одземе куќата, гаражата и земјата кој ги дава под државна хипотека. Апелација образложи зошто го ослободи Вељаноски.

Advertisements

„…Гаранцијата претставува доволно обезбедување и ја елиминира опасноста од бегство на обвинетиот“, пишува во образложението на Апелациониот суд.

Кривичниот суд лани во јули го осуди Вељаноски на 6,5 години затвор за организација на крвавиот упад во Собранието од 27 април 2017 година. По пресудата, на Вељаноски му беше определен куќен притвор до правосилност на пресудата.

Поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски кој исто така излегува од домашен притвор, деновиве влезе во фокусот на јавноста со изјавата дека купувал имоти со парите кои децата ги добиле за родендени и мекици кога се родиле. Тој гарантира со близу 193.000 евра во имот дека нема да избега. Нему му се суди за перење пари и злоупотреба на службата со купувањето на софтвери кој сам ги креирал, наводно за потребите на МВР за безбедност во сообраќајот. Според обвинението, Рашковски го оштетил буџетот за околу 300.000 евра. Освен за овој случај, тој е обвинет и дека ангажирал соработници во Владата, а дел од нивните хонорари ги земал за себе.

Пред еден месец од затворски притвор излегоа бизнисменот Орце Камчев и екс – директорот на тајната полиција, Сашо Мијалков. Но, за да им биде укинат притворот тие гарантираа со по околу 11 милиони евра. Алсат тогаш објави дека дадената гаранција на Мијалков сепак веќе била под банкарска хипотека и истата била во план да се замрзне во истрага. Во случајот со притворот, банката ѝ дала предност на државата да ја земе хипотеката во случај Мијалков да избега.

-Ќе останете ли во Скопје?

„Не бегам… Ајде пријатно“,, рече Мијалков.

Игор Стефановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button