МАКЕДОНИЈА

Нухиу: Имам дилеми за случајот „Монструм“

Заменик министерот за правда Агим Нухиу на прашањето на новинарката од Алсат, Арта Тахири дали случајот „Монструм“ се судеше со вагата на правдата, рече дека има дилеми околу овој случај и оти за него е неприфатливо министерката за внатрешни работи веднаш да даде квалификација дека се работи за терористички чин. Нухиу дури ја нарече поранешната министерка Гордана Јанкуловска „малиот партизан којго го гони германската патрола“.

Advertisements

„Секако во кривичниот процес судијата е тој што ја мери правдата со вага. Отсекогаш сум имал критички став и зачуден сум како е можно тогашниот министер за внатрешни работи веднаш штом се случи настанот да излезе и да даде квалификација дека се работи за терористички чин. Ми се чинеше како таа мала партизанка што ја следат германските патроли во филмовите и брзо излезе пред јавноста и кажа дека ова е терористички чин. И тоа ме натера тогаш и денес да не се согласувам затоа што покрена дилеми. Од каде знае министерот за внатрешни работи дека се работи за терористички чин, кога знаеме дека истрагата ја води обвинителот и дека обвинителот има превласт над сите други кои се вклучени во оперативни полициски или криминално истражни дејствија. Обвинителот е тој што треба да го квалификува кривичното дело. И ова отсекогаш ме тераше да имам дилеми во моето сеќавање за случајот монструм“, рече Нухиу.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button