ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Минимална плата, Јовановиќ: Власта да го слушне гласот на народот

Здравствено економската криза која влегува во третата пандемиска година најмногу ги погоди сиромашните и граѓаните со ниски примања. Затоа работодавачите не смеат да ја наведуваат оваа криза како оправдување дека не се во можност да ја зголемат минималната плата од 15 на 18 илјади денари, вели за Алсат економскиот експерт Бранимир Јовановиќ. Тој вели дека владата треба да сфати дека побитно е работниците да имаат подобар стандард од колку да внимава на профитот на газдите.

Advertisements

„Јас не знам зошто ние очекуваме воопшто бизнисмените, газдите односно Организација на работодавачи или Стопанска комора да каже да, треба да се зголеми минималецот и да им се помогне на сиромашните. Не се тие избрани за таа позиција, оние кои што се избрани да го прават тоа се претставниците во Собрание и во Владата. Тие се гласани од страна на граѓаните и тие треба да работат за граѓаните. Проблемот е тоа што тие не работат за граѓаните туку работат за бизнисмените“, вели Јовановиќ.

Несфатливо за Јовановиќ е тоа што политичарите и од опозицијата не ја оправдуваат идејата за зголемување на минималецот. Ова е вели еден од ретките примери во кои власта и опозицијата имаат ист став, што е потврда зошто ниту една влада во последниве 30 години не успеа да ја оправда улогата за што постои, а тоа е да му служи на народот.

„Оние на кои што треба да биде насочен револтот, односно незадоволството во оваа ситуација не се бизнисмените туку претставниците на граѓаните, односно владата и собранието. Критиките треба да бидат упатени кон нив а не кон бизнисмените“, додава Јовановиќ.

Во анализата која е спроведена од досегашните зголемувања на минималната плата, резултатот е дека нема негативни, туку, напротив, има позитивни ефекти. Податоците велат дека како расте минималецот така се зголемува и продуктивноста на работниците, а со тоа и профитот на газдите.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button