ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Тренчевска: Состојбата со пандемијата во градинките е стабилна

Состојбата со пандемијата во детските градинки е стабилна, за тоа потврдуваат и податоците кои ги добиваме на дневно ниво, како и пресекот на неделна основа. Во последната недела евидентирани се 75 вработени лица и 24 деца позитивни на КОВИД-19, на ниво на држава, информираше министерската за труд и социјална политика Јованка Тренчевска.

Advertisements

Таа, во интервјуто за ТВ 24 вели дека сите протоколи за заштита од пандемијата во градинките се почитуваат.

Говорејќи за градинките, министерката истакна дека раниот детски развој е во фокусот и на Владата и на Министерството за труд и социјална политика. Во таа насока, рече Тренчевска, Владата од 2017 година до сега, отвори 61 нова градинка. До крајот на мандатот, според неа, ќе бидат опфатени 50проценти од децата во предучилишно образование.

-Оваа година, отвораме 10 нови детски градинки, кои се во завршна фаза, започнува со градба уште една градинка во Гостивар за 100 деца, а преку средства обезбедени со ИПА фондови веќе се склучени договори за изградбата на две нови градинки во Тетово и Теарце. За овие капитални инвестиции од буџетот на Министерството за труд и социјална политика издвоени се 196 милиони денари. Вложуваме во раниот детски развој и во градските и во руралните средини, затоа што секое дете е еднакво важно, рече Тренчевска.

Таа ги повика општините да аплицираат со свои проекти за изградба на детски градинки и притоа посочи дека секоја локална заедница има еднакво право и можност за изградба на нови објекти од предучилишно образование.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button