ЕКОНОМИЈА
Ковачевски претседава со седницата на Економскиот совет, вели дека е на страната на работниците

Премиерот Димитар Ковачевски вели дека денеска ќе претседава со седницата на Економскиот совет за минималната плата, дознава Алсат.
Ковачевски повторно посочи дека е на страната на работниците, притоа потенцирајќи дека се надева дека ќе се најде решение.
„За денеска закажавме состанок на Економскиот совет со кој ќе претседавам, а закажавме и состанок со Социо-економскиот совет на кој ќе учествувам лично и се надевам дека заедно со синдикатите и работодавачите ќе најдеме решенија. Неколку пати сум кажал дека сум на страната на работниците“, рече премиерот.