Блокирани државјанства, владата го штити анб

Владата ја правда Агенцијата за национална безбедност за непочитување на Законот за државјанство, иако во оваа Агенција во моментов чекаат над 2.500 барања на граѓаните за да добијат одговори за државјанство. На прашањето на Алсат дали ќе преземе мерки против АНБ поради непочитување на законот, Владата се осврна на стандардите на НАТО, додавајќи дека проверките сега се подолготрајни.
„Како членка на НАТО процедурите се со повисок стандард и со поширок опсег на контроли, што секако значи подолг период. Но, временскиот период е незначителен во споредба со обезбедувањето квалитет, соодветниот и суштински пристап до безбедносните контроли и од овој метод АНБ нема да се повлече“, велаат од влада
Овој одговор е во спротивност со целта на новиот закон, да се олеснат процедурите за добивање државјанство. Од друга страна, извршната власт не објаснува дали навистина контролите се тие што ги блокираат барањата на граѓаните, дали е тоа неспособноста на Анб да се справи со овој прилив и дали ова тело е подготвено да одговори на роковите диктирани со закон, членот 7 став 6 од законот јасно стои дека
„Надлежниот орган мора да донесе одлука најдоцна 6 месеци по пријавата на граѓанинот”, Закон за државјанство
Од владата не одговорија колку поплаки добиле од граѓани и други институции за непочитување на Законот за државјанство. Алсат побара одговор и од АНБ за причините за доцнењето и евентуалните законски прекршувања, но досега не добивме одговор. Од МВР се правдаат дека немаат надлежност да го принудат АНБ да одговори во рок од 6 месеци. Од друга страна, МВР не посочува дали ова прашање е покренато институционално, за навремено да се спроведат постапките на граѓаните. Официјални податоци од МВР, велат дека во моментов АНБ држи во фиока 2657 барања за државјанство. Од нив само лани се поднесени 1247 барања за државјанство. Тоа значи дека повеќето од овие барања го поминале законскиот рок од 6 месеци за одговор. Поради долгогодишно одложување на барањата за државјанство, на предлог на опозицијата, минатата година Собранието го донесе Законот за државјанство со кој се предвидува олеснување на процедурите за добивање државјанство, но со новиот закон не се игнорираше дискриминацијата што тајната служба историски прави против граѓаните. /Алсат.мк
Мефаил Исмаили