Партиите немаат консензус за укинување на „Пржинската“ Влада

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се далеку од консензус во македонскиот политички блок за укинување на техничката влада која законски функционира 100 дена пред секои парламентарни избори. По изјавата на премиерот Димитар Ковачевски дека моделот на Пржинската Влада може да се укине, но под услов изборите да се одржат во редовниот термин, од ВМРО денеска го повторија ставот дека нема друг излез од актуелниот ќорсокак освен предвремени парламентарни избори.
Поделени ставови има и во албанскиот политички блок. Додека ДУИ се согласува со укинување на техничката Влада, албанската опозиција бара таа да не се чепка. Според Алијанса за Албанците, техничката влада може да биде сменета само по ослободување на државата, додавајќи дека во рамките на полицијата треба да се формира работна група која ќе следи злоупотреби на овластувањата на функционерите за време на изборниот процес. Предлогот за измена на Законот за Влада ќе се најде на пленарна седница на 10 февруари.
На 24 јануари ВМРО-ДПМНЕ до Собранието ги достави предлог-измените за кои очекува поддршка од сите политички партии. За изменување и дополнување на Законот за Влада потребна е поддршка од 2/3 од гласовите. Техничката влада првпат беше спроведена на изборите во 2016 година.
Адриан Керими