ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Средни училишта во Скопје утре се префрлаат на „онлајн“ настава

Учениците од средното градежно училиште „Здравко Цветковски“ од утре ќе се префрлат на онлајн настава поради немање парно. Од раководството на училиштето за Алсат велат дека онлајн наставата ќе биде привремена додека Град Скопје не најде решение. Директорката на училиштето, Анита Томовска ни рече дека Градот и Министерството за образование се веќе запознаени и им дале согласност за онлајн учење. Исто така, според Томовска, добиена е согласност и од родителскиот, наставничкиот и училишниот совет.

Advertisements

Алсат дознава дека со истиот проблем се соочува и средното економско училиште „Арсени Јовков“. Но од таму не сакаа јавно да зборуваат. Сепак признаа дека сегашното греење не е доволно за да се загрее целиот училишен простор. Според нашите информации, по настанатите проблеми, директорот на училиштето наводно поднел и оставка. Во меѓувреме, по четири дена, за ова прашање одговор добивме од Град Скопје. Оттаму рекоа дека ќе понудат решенија, но не ни кажаа какви и кога.

Немањето парно во одредени средни училишта во Скопје се должи на поскапувањето на гасот и финансиската неможност да се покрие целата грејна сезона.

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button