МАКЕДОНИЈА
ЕУ интеграција и паралелни преговори со Бугарија, еве што вели Ковачевски

Премиерот Ковачевски смета дека е можно паралелно водење на преговорите со Бугарија и отпочнување на евроинтеграциските процеси на земјава. Сепак, како што рече тој, во своето вечерашно гостување во „Емисија 200“ на Алсат, за таква евентуална одлука е потребна согласност од Софија.
„Лично според мене, мислам дека постои можност за такво нешто, меѓутоа секогаш треба да имаме став и од другата страна, во однос на можноста за такво нешто, за датумот на почеток на реализација на прашањата, начинот на реализација на прашањата…јас искрено се надевам дека тие може да одат паралелно, меѓутоа, сепак, ќе зависи од договорот којшто ќе биде постигнат…доколку биде постигнат, се разбира “, рече Ковачевски.