ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Законот за навреда и клевета доставен до Собранието без спорната формулација

Спорното „негативно мислење“ е избришано од предложениот Закон за граѓанска одговорност за навреда и клевета. Владата на синоќешната одлука донела таков заклучок и во Собранието го доставила новиот предложен закон без формулацијата „негативно мислење“.

Advertisements

„Со таа измена членот 6 од предложениот закон гласи: ‘За навреда одговара тој што со намера да омаловажи, со изјава, однесување, објавување или на друг начин ќе изрази за друг со утврден или очевиден идентитет омаловажувачко или понижувачко мислење, со кое се повредува неговата чест и углед“, наведуваат од Владата.

Предлагач на Законот е Владата, односно Министерството за правда. Од таму рекоа дека ги ги поддржуваат новинарските слободи.

„Министерството за правда целосно ги поддржува новинарските слободи и права и сите закони ги носи заедно со здруженијата, а во интерес на објективното и слободното информирање“, изјавуваат од Министерство за правда.

Со законот се предвидува заштита на новинарот како автор за навреда ако докаже дека објавуавњето му било наложено од страна на уредникот ниту ќе одговора за навреда во наслов, поднаслов или за објавување на фотографии како дополненени на текстот.

Игор Стефановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button