ВЕСТИЗДРАВСТВО

Интересот на граѓаните за имунизација значително намален

Фрижидерите се полни со вакцини против Ковид, но местата за вакцинација остануваат празни поради незаинтересираноста на граѓаните за имунизација. Во февруари драстично намалување има во скопските поликлиники. Во Чаир денеска беа дадени околу 100 дози, за рзалика од декември кога биле аплицирани 600 дози дневно. Неколкуте пациенти кои ги сретнавме додека бевме таму апелираа сите да се имунизираат.

Advertisements

Од Министерството за здравство велат дека добиле дозвола од Агенцијата за лекови МАЛМЕД, да ја започнат постапката за уништување на 15.348 илјади дози вакцини „Фајзер“ како резултат на нивниот рок на траење. Од министерството ветуваат дека ќе ја зајакнат кампањата за подигање на свеста за третата доза, која што моментално ја примиле само 5% од населението, додека втората доза ја добиле 40% од населението.

„Во моментов имаме 447.070 дози вакцини против КОВИД од производителот Фајзер/Бионтек и 250.000 дози обезбедени преку механизмот „ковакс“, како помош од Италија за зголемување на имунитетот во земјата“, наведуваат од Министерството за здравство.

Владата вчера се уште ги нема разгледано препораките на Комисијата за заразни болести, каде меѓу другото здравствените експерти побараа продолжување на рокот на важност на потврдите дека пациентите поминале ковид во последните 6 месеци. Препораките се пристигнати во Кризниот штаб, и ќе се разгледуваат на следната владина седница. КЗБ исто така бара колективниот имунитет да се пресметува само со трета доза, додека сертификатот за вакцинација се очекува да биде со рок од 9 месеци.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button