ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Алијанса за Албанците ќе го блокира Парламентот поради државјанствата?

Албанската опозиција се сомнева дека МВР и Агенцијата за национална безбедност сè уште ги обработуваат барањата за државјанство по стариот закон. Според нив, ако продолжи ваквиот институционален пристап, ќе се испитува можноста за блокирање на Собранието.

Advertisements

Илире Даути од Алијанса за Албанците бара од лидерот на ДУИ, Али Ахмети да се извини за неговата изјава за бројот на лица за државјанство. Даути вели дека премиерот Ковачевски ден претходно потврдил дека најмалку 20 илјади граѓани се без легален државен статус.

„Имам впечаток дека сè уште се работи со стариот закон бидејќи со тоа што АНБ е надлежна да го разгледува предметот, одговорот е тој, новиот закон не важи. Со новите законски измени одобрени пред 6 месеци во Собранието, АНБ не е поврзана со ништо во делот на преодните одредби, што е многу јасно. Таму се вели дека секој граѓанин кој живеел во Република Македонија пред 8 септември 1991 година може да добие државјанство врз основа на документ од списокот од 16 документи наведени во законот. АНБ е надлежна за другиот начин за добивање државјанство, односно со натурализација“, вели Илире Даути, пратеничка на АА.

Алтернатива бара комисија во Владата која ќе ги истражува и забрза процедурите за државјанство. Скендер Реџепи вели дека Владата треба да сноси одговорност што не го спроведува законот.

„Да се направи комисија во Владата која ќе се занимава со ова многу важно прашање бидејќи се работи со категорија на граѓани на кои им е потребна нашата помош и мора да им ја понудиме“, изјави Скендер Реџепи, пратеник на Алтернатива.

Не се знае точно колку барања за државјанство наследила АНБ од УБК. Во АНБ моментално има 2.657 барања. Од нив само минатата година биле поднесени 1.247.

Адријан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button