МАКЕДОНИЈА
Дали се реализираат целите на Алтернатива во Владата, еве го одговорот на Беким Сали

Генералниот секретар на партијата Алтернатива, Беким Сали, вели дека тој и неговата партија имаат доверба во премиерот Димитар Ковачевски и во напорите на Владата да ја придвижи земјата напред во Европската унија. Според Сали, иднината на оваа земја е во Европската унија.
„Три недели сме дел од владата, три недели е формирањето на новата влада со нов мандат. Така што јас сум оптимист, му верувам на премиерот да го турка процесот на интеграција, тоа е нешто за што се зборува во последните 25 години и ние сме верни на нашиот став дека јавно кажавме дека сме за нашата интеграција во Европска Унија, затоа што веруваме дека иднината на оваа држава е таму“, изјави Беким Сали, генерален секретар на Алтернатива.