ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во Охрид се турка легализација на објекти на охридското крајбрежје

Локалната власт сака на мала врата да протурка легализација на триесеттина бесправно изградени објекти од кои некои во непосредна близина на Охридско Езеро и во Националниот парк Галичица во време кога статусот на Охрид, под УНЕСКО, се уште виси во воздух, обвинуваат граѓанските активисти. Според Охрид СОС во крајбрежниот појас на езерото од 50 метри за сега не се дозволува ниту изградба, а најмалку легализација. Велат дека во тек е подготовка на урбанистички план за крајбрежјето со кој ќе се утврдат границите на крајбрежниот појас и согласно тоа условите за планирање.

Advertisements

„Дотогаш, било какви постапки во насока на поголема урбанизација во најосетливите предели околу eзерото, може да се сметаат само за спротивни на Планот за управување. Уште поважно, ваквата легализација е спротивна на препораките на УНЕСКО“, велат од Охрид СОС.

Но локалните власти не гледаат ништо спорно во тоа овие објекти да се легализираат. Легализацијата на објектите беше на дневен ред на вчерашната седница, но по барање на советниите од СДСМ седницатабеше прекината.

„За сите предмети коишто се во НП Галичица имаме позитивно мислење добиено и од Националниот парк „Галичица” и од Министерство за животна средина. Од страна на Комисиите констатирани се на лице место бесправно изградени објекти, и од страна на архитектите утврдено е дека истите се надвор од зоната 50 метри. Оние предмети кои што се доставуваат до советниците се согласно Законот и Планот за управување со културното наследство“, рече Александар Китески-секрета на општина Охрид.

Од Охрид СОС, го повикуваат градоначалникот и советот на општината, процесите да се носат во насока на заштита, а не во насока на легализација на бесправно изградени објекти.

„Легализација во непосредна близина на Охридското Езеро и во Националниот парк Галичица е постапување директно спротивно на начелата за заштита на Охридскиот Регион чиј УНЕСКО статус виси токму како резултат на вакви практики“, додаваат од Охрид СОС.

УНЕСКО бараше итно стопирањето на нелегалните градби. Поради неисполнување на препораките,земјава доби уште две години пред Охридскиот Регион ќе биде ставен на Листата на светско наследство во опасност.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button